МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ кажа се, само структурни реформи не

Во 2025 година, Министерството за финансии на Република Македонија продолжува со имплементација на клучни економски политики и реформи, со фокус на одржлив економски раст и стабилност. Тоа е најчестата реченица со која се сретнуваме при анализа на изјавите на тоа министерство.

Министерството усвои Буџетот за 2025 година, кој предвидува значителни инвестиции во инфраструктурата и социјалните програми. Со Буџетот се обезбедуваат средства за редовна исплата на плати и пензии, кои ќе бидат зголемени за 2.500 денари од март 2025 година. Развојната компонента на Буџетот изнесува 47,2 милијарди денари, што претставува околу 4,6% од БДП на годишно ниво, со цел да се создадат предуслови за нов циклус на економски раст. – изјавуваат надлежните.

Фискалната стратегија на Република Македонија за периодот 2025-2029 година нагласува одржување на фискалната стабилност и континуирано намалување на јавниот долг. Стратегијата предвидува мерки за зголемување на јавните приходи преку подобрување на даночната администрација и борба против сивата економија.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) продолжува да ја поддржува земјата преку зелени финансиски инструменти. Новиот договор со Комерцијална банка АД Скопје во износ од 4 милиони евра има за цел да ја поддржи енергетската ефикасност и одржливото финансирање во земјата.

И покрај позитивните трендови, земјата се соочува со предизвици како што се глобалните економски нестабилности и потребата од понатамошни структурни реформи. Министерството за финансии продолжува да кажува дека работи на подобрување на јавните финансии и создавање поволна средина за инвестиции, со цел да се обезбеди одржлив економски раст и благосостојба на граѓаните, но никако да не извести за клучните структурни реформи кои сите ги очекуваме.

Loading