Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и општинските служби викендов и во текот на ноќта ги расчистуваа улиците од снегот.
„Снегот не може да биде изненадување во зима, подготвени сме. Мојот народ да биде спокоен, подготвени сме и извршувањето на секојдневните активности ќе биде целосно овозможено и непречено!“, порача Ѓорѓиевски.
Тој вели дека специјализираните возила за чистење снег во голем број ќе интервенираат буквално во секое населено место на територијата на Кисела Вода, во секое маало и уличка.
„Покрај машините, на располагање е ставен и целиот човечки потенцијал за навремено делување и овозможување на целосно проодни улици, а дежурните екипи ќе бидат на располагање 24/7. Обезбедена е и сол за сите градинки, основни училишта и месните заедници“, вели Ѓорѓиевски.
![]()

