Што вели американскиот амбасадор за предлогот на Вучиќ кој ги изненади сите?

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска изјави дека идејата на српскиот претседател Александар Вучиќ новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин да се сретнат во Србија, секако ќе биде разгледана во Вашингтон.

Видов дека претседателот го кажа своето мислење. „Очигледно, идејата ќе се проучува во Вашингтон“, изјави Хил,пренесува Блиц.

Хил додаде дека се уште не слушнал ништо од Вашингтон во врска со предлогот.

„Но, ќе кажам дека секогаш кога претседателот Вучиќ има размислувања за некоја тема, луѓето многу внимателно ги разгледуваат тие размислувања. Тоа е сè што навистина можам да кажам, бидејќи тоа беше новост за мене“, рече Хил.

Loading