Голема трагедија во Кочани: Пожар во дискотека – десетици жртви и повредени

Ноќеска околу 3 часот по полноќ избувнал катастрофален пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што настанале трагични последици. Според првичните информации, бројот на жртви не е потврден, но се споменуваат бројки од над 30 загинати.

Во кочанската болница се пренесени 30 повредени лица, а околу 60 лица се препратени со возила во штипската болница.

На терен се ангажирани противпожарни екипи од околните градови, како и итни медицински служби.

Пожарот веројатно бил предизвикан од светлосни ефекти за време на концерт.

Очевидци сведочат за хаотична и драматична борба за спасување на повредените.

Според Радио Кочани, повредените лица лежеле на улица додека цивилни возила се обидувале да ги транспортираат до болниците.

Надлежните служби интензивно работат на истрагата

Министерството за внатрешни работи аботи на утврдување на причините за трагедијата, а во тек е испрашување на сведоци и одговорните лица.

На местото на настанот освен министерот Панче Тошковски, веќе пристигнаа и Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК и Александар Јанев, директорот на БЈБ. Најавено е и пристигнувањето на премиерот Христијан Мицкоски.

Во кочанската болница се хоспитализирани 30 повредени лица, додека околу 60 лица се транспортирани во штипската болница.

Во тек е увид, а бројот на жртви и повредени сè уште се утврдува.

Loading