Низ социјалните мрежи се бараат информации за лица кои биле во дискотеката во Кочани

Роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.  Во Клиничкиот центар во Скопје е истакнат список со повредени, а голем дел се во тешка состојба.

Над 50 лица со тешки повреди од дискотеката „Пулс“ во Кочани се префрлени во скопските клиники. Во Градската болница во Скопје се хоспитализирани 27 лица, додека 24 лица се во Клиничкиот центар.

Повредени се примаат и во болницата „8 септември“.

Loading