Земјотрес со јачина од 3.6 степени регистриран во Македонија, почувствуван во неколку градови

Земјотрес со епицентар во Валандово, на 125 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6 е регистриран утринава во 04 часот и 13 минути, информираа од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово и Струмица, како и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Loading