На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот кога започнал пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.
Пожарот настанал за време на настапот на групата ДНК. Според досегашните информации, неофицијално има над 50 загинати лица. По почетокот на пожарот настанало стампедо, поради што има голем број повредени, не само со изгореници, туку и задушени.
Според првичните сознанија од истрагата причина за пожарот во дискотеката во Кочани во која загинале најмалку 50 млади лица била несоодветната употреба на пиротехнички средства.
На социјалните мрежи граѓаните во шок коментираат за употребата на пиротехнички средства во затворен простор.
Меѓу првични информации меѓу повредените, кои се десетици, има и деца на 15 и 16 годишна возраст.
Инаку, на концертот на ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани синоќа присуствувале над 1500 лица.
Се очекува прес конференција од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, која е закажана за 9 часот директно од Кочани.
![]()

