Познат германски гигант згаснува 6 000 работни места од кои половина се во Германија

Германскиот технолошки гигант  денеска соопшти дека ќе укине околу 6.000 работни места, од кои речиси половина се во Германија.

Компанијата „Сименс“ (Siemens) со седиште во Минхен наведува дека најмногу ќе биде погоден секторот за индустриска автоматизација, чија основа е одделот Дигитални индустрии (Digital Industries), кој претставува главна потпора за идното работење, пренесе Süddeutsche Zeitung.

Најавено е дека само во овој сектор ќе бидат укинати 5 600 работни места, од кои 2 500 во Германија, а овие планови вчера беа претставени пред претставниците на вработените.

Извршниот директор на Siemens, Роланд Буш, уште наесен најави отпуштања, но без дополнителни детали.

Компанијата нагласува дека останува посветена на Германија како клучна локација, но дека ова пазарно опкружување е во опаѓање веќе две години, па затоа е неопходно приспособување на капацитетите.

Од Сименс додаваат дека вкупниот број вработени во Германија ќе остане непроменет, бидејќи компанијата планира да вработи нови работници во други, растечки сектори.

Loading