Дојави за бомби во училишта во Скопје, МВР со детали

Министерството за внатрешни работи утрово добило дојава за бомби во две средни училишта на територијата на Скопје.

„Денеска во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа.

Веднаш биле преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави“, велат од МВР.

Loading