Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави масовен собир на движењето „За народot и државата“ кој ќе се одржи во сабота, на 12 април во Белград – а листата на музичките имиња што ќе настапат е сѐ, само не обична.
Од 17 часот, микрофонот ќе го фати контроверзниот пејач Баја Мали Книнџа, познат по блискоста со власта, иако никогаш официјално не застанал зад СНС. Но, неговото присуство на митинзи, настапи на провладини телевизии и „омилен статус“ кај функционерите, говорат доволно.
На сцената ќе се појави и популарниот бенд Гарави Сокак, а ден порано – во петок – ќе свири оркестарот на Дејан Петровиќ, истите што ја изведоа српската химна на предизборен митинг лани.
Но, најголемо внимание привлече Јелена Карлеуша, која не доаѓа како пејачка, туку како граѓанка и поддржувачка.
„Доаѓам со пријатели и со семејството за да го поддржам избраниот претседател и да повикам на мир и единство“, изјави Карлеуша, додавајќи дека ќе се фотографира со секого – само без тагови на Инстаграм, бидејќи ѝ е блокиран профилот поради говор на омраза.
![]()

