Метеоролозите објавија: Еве какво време нè очекува за 1 Мај

Метеоролозите веќе објавија какво време не чека за празничниот 1 Мај кој годинава се паѓа во четврток.

Се најавуваат убави вести за сите што планираат да го поминат Први мај на отворено.

Според најновите прогнози за Македонија, нè очекува стабилно, топло и претежно сончево време. Уште на 27 април и на 28 април времето ќе биде умерено до претежно облачно, со мала шанса за краткотрајни локални врнежи, но од вторник (29 април) се очекува целосна стабилизација.

Од тогаш, времето ќе биде претежно сончево и суво, со дневни температури околу 26 степени Целзиусови. Нема најава за врнежи, а утринските температури ќе се движат од 8 до 13 степени.

Според прогнозите, стабилното време ќе трае до крајот на неделата, односно до 3 мај, кога постои мала можност за продор на посвежа воздушна маса и краткотрајна промена на времето.

За сите што планираат излети, прошетки или семејни дружења за 1 Мај, условите ќе бидат идеални — топло, сончево и без врнежи.

Loading