Него никој не го очекуваше на погребот на папата: На изненадување на сите, еве кој се појави (Фото)

Некогаш најбараниот човек на светот се појави во Рим: Малкумина го очекуваа на погребот на папата Франциск.

Основачот на Викиликс (WikiLeaks), Џулијан Асанж, денеска се појави во Ватикан, заедно со сопругата Стела, на погребот на папата Франциск.

Новинарот и активист беше на плоштадот Свети Петар со сопругата и нивните две деца, пренесе британски „Телеграф“. Папата Франциск се сретна со Стела Асанж во 2023 година, во текот на правната битка на нејзиниот сопруг што траеше 14 месеци, со цел да се спречи неговата екстрадиција од Велика Британија во САД.

Стела тогаш изјави дека папата му напишал писмо на Џулијан уште во март 2021 година.

„Нè утеши многу и сме му бескрајно благодарни“, рече тогаш сопругата на Асанж.

Од 2010 година, Викиликс, меѓу другото, објавуваше доверливи документи од свиркачката Челси Менинг за американски воени операции во Ирак и Авганистан.

И додека САД го обвинија по повеќе точки, неговите поддржувачи го сметаат за храбар новинар кој открил воени злосторства. Асанж дури седум години се криеше во амбасадата на Еквадор во Лондон, сè додека не беше уапсен во 2019 година заради екстрадиција.

Кон крајот на јуни 2024 година, беше ослободен како дел од договор со американското Министерство за правда, по што се врати во својата татковина – Австралија.

Loading