Чебрен и Галиште ќе се градат со инвестиција од 1,3 милијарди од британскиот заем

ВМРО-ДПМНЕ во денешното партиско соопштение велат дека СДСМ и ДУИ ја заборавија животната средина и немало ниту еден проект за заштита на животна средина и намалување на аерозагадувањето.

„За владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заштитата на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот е главен фокус.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и решенија за заштита на животната средина. Конкретен план за Чебрен и Галиште.

Изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште се стратешки проект, најмалку од три главни аспекти.

Овие две хидроцентрали се потребни не само од аспект на производство на електрична енергија.

Од аспект на климатските промени, овие два нови резервоари за вода заедно со постојната Тиквеш, ќе обезбедат дополнителна количина вода за тиквешко поле, 55-60 илјади хектари прва класа земјоделско земјиште каде има многу земјоделци, овоштари, каде се користи организираниот систем за наводнување а во одреден период од годината се јавува недостаток на вода“, се вели во со соопштението.

Од таму додаваат дека овие две акумулации, со оглед на околината на Мариово којашто е ненаселена, ќе дадат придонес и од аспект на туризмот и нови приватни инвеститори во иднина.

Loading