Незапаметен скандал на УС Опен: Медведев предизвика хаос, публиката го прекина мечот (Видео)

На УС Опен се случи вистински хаос кога Данил Медведев реагираше бурно поради појава на камерман на теренот токму во моментот кога Французинот Бенџамин Бонзи имаше меч-топка.

Русинот остро го нападна судијата, а преку микрофон упати и навреди, по што публиката се приклучи со долги свирежи и негодување.

Инцидентот доведе до шестминутен прекин, по кој Бонзи ја пропушти шансата да го заврши мечот. Наместо тоа, Медведев го освои третиот и четвртиот сет, но на крај сепак Французинот извојува победа со 6:3, 7:5, 6:7, 0:6, 6:4 по речиси четири часа игра.

За разлика од овој скандал, Новак Ѓоковиќ рутински ја започна својата игра на турнирот со триумф во три сета над Лернер Тијен.

Loading