Тврди дека не прекршил никаков закон.
Виторио Коделупи (48), новоименуван директор на јавната компанија за водоснабдување SAL во Италија, предизвика бурни реакции откако објави видео на кое со Porsche Cayenne вози 260 км/час по автопат во Германија држејќи мобилен телефон.
Иако тврди дека не прекршил закон бидејќи делницата била без ограничување на брзина, јавноста и политичката опозиција остро го осудија, посочувајќи дека користењето мобилен во возење е забрането и опасно.
Во Германија за таков прекршок следува казна од 150 евра, казнени поени и можност за забрана на возење.
По скандалот, опозицијата бара неговата оставка, а останува неизвесно дали Коделупи ќе ја задржи функцијата.
![]()

