СВР Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Уште една телефонска измама со лажна сообраќајна несреќа е регистрирана во Битола, каде 88-годишна жена била измамена и останала без пари и девизи во вредност од неколку илјади евра – 1.000 американски долари, одредена сума евра и 20.000 денари.
Според информациите од полицијата, во понеделникот околу 19.30 часот, жената била контактирана телефонски од лице кое ѝ соопштило дека нејзиниот син со сопругата предизвикале тешка сообраќајна несреќа. Ѝ било кажано дека во несреќата тие се здобиле со тешки телесни повреди, а при тоа прегазиле осумгодишно дете. На оштетената ѝ било посочено дека мора да плати пари за да не биде пријавен случајот во полиција од семејството на детето.
Исплашена од ваквото тврдење, битолчанката собрала 1.000 американски долари, одредена сума евра и 20.000 денари, по што парите ги фрлила од својот балкон на лице кое дошло да ги подигне. Дури подоцна сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.
– Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот – велат од СВР Битола.
![]()

