Србин си го загубил паричникот на бензиска во Македонија на пат кон Грција – македонски џентлмен го најде и му го испорача!

Млад човек кој патувал од Белград до Закинтос со пријателите, го изгубил својот паричник на бензинска пумпа во Македонија, на автопатот кон Грција. Ситуацијата се чинела безнадежна, бидејќи тој веќе не можел да се врати по изгубените пари и документи.

Мајката на младиот човек веднаш објавила информации во Фејсбук групи, надевајќи се дека барем ќе ги врати документите. Но, по среќен пресврт, паричникот бил пронајден од човек од бензинската пумпа, кој потоа го контактирал младото момче преку Инстаграм.

Паричникот бил испратен со следната група туристи кон Закинтос, а сите предмети односно документи во него останале недопренети. Туристот си до добил паричникот и симболично го наградил пронаоѓачот за неговиот гест.

„Во морето од лоши вести, ова е навистина добра вест“, заклучува мајката на туристот за српски Телеграф, додавајќи дека вакви примери ја враќаат вербата во добрината на луѓето.

Loading