Многумина оценуваат дека ова е спорен потег на Трамп во пресрет на зголемениот притисок врз Централната банка на САД.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека веднаш ќе ја отпушти Лиса Кук од функцијата гувернерка на Федералните Резерви, тврдејќи дека таа дала погрешни изјави за хипотекарни договори и повикувајќи се на уставните овластувања.
Кук, првата афроамериканска жена во бордот на гувернери, одговори дека Трамп нема законско овластување да ја отпушти и дека нема да поднесе оставка.
Нејзиниот адвокат најави дека ќе ги активира сите потребни правни мерки за да ја спречи, како што велат, незаконската постапка.
Овој потег е без преседан за американски претседател и доаѓа во време кога Трамп постојано врши притисок врз Федералните Резерви, особено врз нејзиниот претседател Џером Пауел, поради, според него, недостаток на иницијатива за намалување на каматните стапки.
Во соопштението испратено до Кук, Трамп го спомена и наводниот конфликт во нејзините изјави за главно живеалиште, што го користи како оправдување за отпуштањето.
![]()

