Сотир Лукровски прогласи победа во општина Карпош во својот изборен штаб, опкружен со голем број поддржувачи кои со аплаузи ја дочекаа веста.
– Зборувам со срце полно гордост и благодарност. За секој човек кој веруваше дека чесноста, трудот и вистината повторно можат да победат. Денес не победувам јас, победува Карпош – рече Лукровски пред присутните, додавајќи дека во оваа кампања не се борел за функција, туку за доверба.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека победата не е само на една партија, туку на сите граѓани кои се бореле за промени и кои не се откажале од својот град.
– Победуваат сите оние што секој ден ме запираа на улица и ми велеше: „Сотир, време е да се смени нешто!“ – рече тој.
Лукровски зборуваше и за проблемите со кои се соочувала општината во минатото.
![]()

