Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска учествуваше на јавната расправа во собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, посветена на извештајот на Државниот завод за ревизија за имплементацијата на Истанбулската конвенција. Таа истакна дека документот на ревизорите дава прецизна дијагноза на реалната состојба во државата и јасно ги посочува системските недостатоци во спроведувањето на мерките за заштита од родово и семејно насилство.
„Покрај формалното исполнување на обврските, неопходна е вистинска, суштинска заштита на жените од насилство“, порача Сиљановска-Давкова, нагласувајќи дека државата мора да обезбеди ефикасни механизми и институционална координација за да се обезбеди безбедност и поддршка за жртвите.
Извештајот на ДЗР, како што укажа таа, укажува на сериозни слабости кои бараат итни системски реформи со цел доследно спроведување на стандардите предвидени со Конвенцијата на Советот на Европа.
![]()

