ВМРО-ДПМНЕ СТАВИ КРАЈ: Се поништуваат сите претходни договори за мигрантски кампови

Македонија против нелегалната миграција

ВМРО-ДПМНЕ категорично ги демантираше обвинувањата на опозицијата за наводно прифаќање имигранти и изградба на мигрантски кампови во Македонија. Владејачката партија објави парламентарна резолуција со која, како што велат, се става крај на дезинформациите и шпекулациите поврзани со мигрантската политика.

Резолуцијата се состои од девет точки и јасно потврдува дека Република Македонија нема ниту ќе има политика за прифаќање мигранти или отворање кампови. Со неа се поништуваат сите претходни договори склучени за време на владата на Зоран Заев, кои се однесуваат на мигрантските кампови и прифаќањето на имигранти.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека со оваа резолуција се воспоставува јасна и недвосмислена државна политика против нелегалната миграција, со фокус на заштита на националната безбедност, стабилноста на државата и зачувување на меѓуетничките односи.

Партијата повика на одговорен јавен дискурс и информирање без манипулации, истакнувајќи дека резолуцијата ќе стапи во сила веднаш по нејзиното усвојување во Собранието.

Loading