🎄 Празничен шепот на крушевската чаршија – покана до сите љубители на зимската магија
Крушево, највисокиот град на Балканот, во зима изгледа како сцена од бајка. Калдрмисаните улички, староградската архитектура, планинскиот воздух и тишината што носи мир – сè тоа ја прави оваа дестинација совршено место за празнично уживање. Токму во таков амбиент, од вечерва па сè до 6 јануари, Крушево ќе пулсира во духот на празниците преку настанот „Празничен шепот на крушевската чаршија“.
Настанот е во организација на Здружението Културен манифест, со поддршка на Општина Крушево, Локалниот младински совет, неформална група граѓани и голем број локални компании, со цел да се збогати културната и туристичката понуда на градот во овој период од годината.

Свеченото отворање започнува во 18 часот со музичко-сценска изведба, по што следува осветлување на крушевската чаршија, отворање на Новогодишниот базар и пристигнување на Дедо Мраз, радост особено за најмладите. Во рамки на вечерта ќе настапи и бендот „Балкан Џем“, кој ќе ја збогати празничната атмосфера со жива музика.
Во текот на целиот настан, посетителите ќе можат да уживаат во богата културно-забавна програма, локални производи, топли напитоци и празничен дух што ги поврзува жителите и гостите на Крушево.
📍 Крушево ве повикува – дојдете да го почувствувате празничниот шепот на чаршијата, да создадете спомени и да ја доживеете зимската убавина на еден од најавтентичните македонски градови.
![]()

