Родителите алармираат: Стоп за Сеопфатното сексуално образование и родовата идеологија во задолжителното образование
Во време кога родителите очекуваат образовниот систем да ги заштити децата и да обезбеди квалитетно, вредносно и развојно соодветно образование, Министерството за образование и наука предлага Национална стратегија за образование 2026–2032 која отвора сериозни и оправдани грижи кај јавноста.
Новата Национална стратегија за образование 2026–2032 е континуитет на стратегијата на Мила Царовска, која според родителите и експертите сериозно го наруши квалитетот на образованието во Македонија. Со истиот пристап, новата стратегија повторно воведува Сеопфатно сексуално образование (ССО) и родово-сензитивни концепти, без информираност и согласност на родителите, со што се продолжува истата спорна агенда.
Иницијативата што јавно ги изнесе забелешките по однос на Нацрт-стратегијата укажува на обид, под привидно неутрални и „привлечни“ термини, во задолжителното основно образование да се протне Сеопфатно сексуално образование (ССО), вклучително и родово-сензитивни и родово-трансформативни концепти, без јасна согласност и информираност на родителите.
Посебна загриженост предизвикува фактот што во документите намерно се избегнува употребата на јасни термини како „Сеопфатно сексуално образование“, а наместо тоа се користат парафразирани модули и концепти директно преземени од меѓународни упатства на УНЕСКО и УНИЦЕФ. Оваа практика, според иницијаторите, претставува нетранспарентен и манипулативен пристап кон јавноста.
Родителите и граѓаните со право прашуваат:
-
Зошто се воведуваат содржини што не се предвидени со Законот за основно образование?
-
Зошто терминот „род“ се користи надвор од граматички контекст, без уставна и законска дефиниција?
-
Зошто во образованието се отвора простор за граѓански организации финансирани од странство, со јасни идеолошки агенди?
Иницијативата предупредува дека ваквите политики можат да имаат негативни последици врз психичкото, емоционалното и моралното развивање на децата, особено ако се наметнуваат сложени и контроверзни концепти во рана возраст.
Барањата се јасни и легитимни:
-
Итно стопирање на процесот за усвојување на Стратегијата во нејзината сегашна форма;
-
Вклучување на родители, наставници и независни стручни лица во нејзината преработка;
-
Целосно отстранување на концептите на Сеопфатно сексуално и родово-сензитивно образование од задолжителното образование;
-
Исклучување на странски финансирани НВО од воспитно-образовниот процес;
-
Јасно и недвосмислено дефинирање на полот како биолошка категорија во образованието.
Ова не е прашање на дискриминација, туку прашање на родителско право, заштита на децата и почитување на Уставот и законите на Република Македонија.
Јавноста има право да знае, а институциите имаат обврска да слушаат. Поддршката на оваа иницијатива е поддршка за транспарентно образование, за децата и за иднината на општеството.
Коалиција за заштита на децата достави забелешки до МОН и преку социјалните мрежи ги сподели да бидат достапни до секого. Забелешките е потрбно секој совесен родител да ги препрати на маил до министерството и лично до министерката.
Повеќе на следниот линк:
https://www.facebook.com/share/p/1MAKRCu4Fi/
![]()

