ВМРО-ДПМНЕ предложи екстремно построги казни за најопасните возачи, вклучувајќи задолжително одземање на возилото за сериозни прекршоци. Според новите предлози, возачот ќе го изгуби возилото доколку возел повеќе од 70 км/ч во населено место или 90 км/ч надвор од населено место, а претходно бил осудуван за кривични дела во сообраќајот.
Новитет е дека одземањето ќе важи и кога лицето управува сопствено возило без право на управување, како и при користење на туѓо возило, ако сопственикот знаел или требало да знае за неправилното управување.
Дополнително, судовите ќе можат да изречат забрана за управување од 6 месеци до 10 години, а исто така и престанок на важење на возачката дозвола од 1 до 10 години.

За лица кои со безобѕирно управување го загрозуваат сообраќајот, се предвидуваат затворска казна од 3 месеци до 3 години или парична казна. Под безобѕирно управување спаѓаат:
-
возење со алкохол над 1,5 промили,
-
управување под дејство на дрога,
-
возење во спротивна насока,
-
опасно претекнување,
-
екстремно пречекорување на брзината,
-
учество во нелегални улични трки,
-
управување без возачка дозвола или без положен испит.
Овие измени се дел од проектот „Сејф сити“, насочен кон зголемување на контрола во сообраќајот, санкционирање на најопасните возачи и подобрување на безбедноста на патиштата, инспирирани од решенија во Словенија и Австрија.
![]()

