КОГА БРЗИНАТА ЌЕ СТАНЕ ЗАКАНА: НОВИ ПОСТРОГИ КАЗНИ ШТО ЌЕ ГО ОДЗЕМАТ ТВОЕТО ВОЗИЛО!

ВМРО-ДПМНЕ предложи екстремно построги казни за најопасните возачи, вклучувајќи задолжително одземање на возилото за сериозни прекршоци. Според новите предлози, возачот ќе го изгуби возилото доколку возел повеќе од 70 км/ч во населено место или 90 км/ч надвор од населено место, а претходно бил осудуван за кривични дела во сообраќајот.

Новитет е дека одземањето ќе важи и кога лицето управува сопствено возило без право на управување, како и при користење на туѓо возило, ако сопственикот знаел или требало да знае за неправилното управување.

Дополнително, судовите ќе можат да изречат забрана за управување од 6 месеци до 10 години, а исто така и престанок на важење на возачката дозвола од 1 до 10 години.

За лица кои со безобѕирно управување го загрозуваат сообраќајот, се предвидуваат затворска казна од 3 месеци до 3 години или парична казна. Под безобѕирно управување спаѓаат:

  • возење со алкохол над 1,5 промили,

  • управување под дејство на дрога,

  • возење во спротивна насока,

  • опасно претекнување,

  • екстремно пречекорување на брзината,

  • учество во нелегални улични трки,

  • управување без возачка дозвола или без положен испит.

Овие измени се дел од проектот „Сејф сити“, насочен кон зголемување на контрола во сообраќајот, санкционирање на најопасните возачи и подобрување на безбедноста на патиштата, инспирирани од решенија во Словенија и Австрија.

Loading