Богојески до Ахмети: Лошо сонуваш другар

Богојески до Ахмети: Лошо сонуваш другар

Повикот на Али Ахмети за т.н. „нов историски договор“ за Македонија не претставува визија за иднината, туку очаен обид за реставрација на политички модел кој подразбира трајна доминација на малцинството врз мнозинството – класичен апартхејд, завиткан во лажна реторика за стабилност и европски вредности, смета лидерот на МК и универзитетски професор Петар Богојески.

“Лошо сонуваш другар. Времето на апархејди заврши во минатиот век. Ова е кошмар за договор, илузија на човек чии политики се веќе историски поразени. Етничката уцена како принцип на владеење е исцрпена, делегитимирана и неприфатлива во 21 век. Македонија нема обврска да влегува во нови договори кои ја разградуваат државата, ја суспендираат волјата на мнозинството и ја претвораат демократијата во инструмент на малцински диктат.”

Охридскиот рамковен договор ја заврши својата историска мисија. Секој обид за негово проширување е чекор кон институционална парализа. Напротив, потребно е целосно демонтирање на бадинтеровиот принцип од сите области на одлучување и враќање на основниот демократски постулат – еднаков глас за секој граѓанин. Потребна ни е ефикасна, а не уценета држава.

Европската Унија не се гради врз етнички вета, туку врз граѓански устав, функционални институции и владеење на правото. Со тоа што систематски го одбивате граѓанскиот модел, вие објективно работите против европската интеграција, без оглед на празните декларации кои ги повторувате со години. Тоа не е европеизам, туку политичка хипокризија.

Вашата идеологија е јасна: марксистичко-ленинистички реликт, прилагоден на етничка клиентела, чија единствена цел е зачувување на привилегии стекнати преку конфликт, а не преку демократска легитимација. Македонија нема повеќе простор, ниту трпение, за такви проекти.“

Loading