СКАНДАЛОТ ПРОДОЛЖУВА: Јон Фрчковски доби функција и покрај фотографиите со дрога – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ реагира остро по вестите дека Јон Фрчковски е промовиран во новото раководство на СДСМ. Партијата обвинува дека лидерот Венко Филипче, наместо да реформира, промовира лица поврзани со скандали, вклучувајќи и употреба на дрога.

Портпаролот Валентин Манасиевски потсети на фотографиите кои излегоа во јавноста, на кои се гледа како Фрчковски користи психотропни супстанци на работното место. ВМРО-ДПМНЕ го прашува Јавното обвинителство зошто не е отворен предмет и посочува дека „децата на транзициските функционери“ се третираат поинаку.

„Нереформираната СДСМ, на чело со Венко Филипче, во раководството го внесе и синот на нивниот идеолог, Јон Фрчковски. Таму има се – криминалци, корумпирани лица, лажговци, манипулатори, неуспешни луѓе и лица кои користат дрога. СДСМ молчи и нема оградување, а Филипче го чува на функција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Loading