КОСОВО ДЕНЕС ГЛАСА: СРПСКАТА ЛИСТА ЦЕЛИ НА 10 МАНДАТИ

Косово денес, 28 декември 2025 година, се одржуваат вонредни парламентарни избори, втори по ред оваа година и вкупно четврти избори во 2025. Вкупно 2.076.290 гласачи имаат право на глас, од кои 1.999.205 се регистрирани на Косово, а 77.085 од дијаспората.

На изборите учествуваат 24 политички субјекти, вклучувајќи Српската листа, партијата За слобода, правда и опстанок и Косовскиот сојуз. Српската листа, со 33 кандидати, цели да ги освои сите 10 мандати резервирани за српската заедница.

Овие избори ги одбележува кратка изборна кампања од 11 дена и големо внимание кон гласањето од дијаспората, кое се одвива во 29 дипломатски претставништва низ 24 држави. Гласањето по пошта започна на 12 декември и траеше до 27 декември, со околу 18.000 досегашни учесници.

Причина за нови избори е тоа што движењето „Самоопределување“ не успеа да формира влада по февруарските парламентарни избори, а Собранието беше конституирано дури по 57 обиди. Според проценките на Централната изборна комисија, изборите ќе чинат околу 11,5 милиони евра, а конечните резултати се очекуваат до крајот на јануари 2026, со можност за одложување до средината на февруари.

Loading