ЗОШТО ГАШИ САКА ДА ГО ПРОМЕНИ НАЧИНОТ НА НОСЕЊЕ ЗАКОНИ ВО СОБРАНИЕТО?

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се залага за намалување на закони по скратена постапка, со цел поголема транспарентност, учество на експерти и вклученост на јавноста. Како решение, тој предлага воведување календар за работа на Собранието, со кој ќе се утврдат датумите на пленарните седници, што ќе им помогне на владата да планира кога да ги испраќа законите.

Гаши истакнува дека Собранието треба да биде предводник на вредносната транзиција во општеството, промовирајќи почит, солидарност, емпатија и етика. Тој нагласува дека закони треба да се донесуваат по редовна постапка, за да се овозможи експертска анализа и јавна дебата.

Претседателот апелира до сите пратеници и граѓани да ја зајакнат политичката култура, взаемната почит и позитивната енергија во општеството и институциите.

Loading