Движењето ЗНАМ денеска јасно се огради од обвинувањата на СДСМ дека фирма поврзана со нив добила тендер од 1,2 милион евра од Пошта на Северна Македонија. Од ЗНАМ нагласуваат дека движењето нема никакво партиско-политичко влијание во јавните тендери и постапки.
„Точно е дека господинот Сашо Петровски беше носител на советничката листа за Општина Кисела Вода, но тој не држи никаква партиска функција. Тој е приватен стопанственик со долгогодишно искуство во хигиеничарски услуги за приватни компании и државни институции“, соопшти ЗНАМ.
Движењето додаде дека секој има право да учествува на јавни конкурси и да води сопствен бизнис, и ги повикува надлежните органи да постапат доколку се утврдат прекршувања на законите или конфликт на интерес.
„Движењето ЗНАМ се оградува од каква било инволвираност во ваквите случаи“, нагласуваат од движењето.
![]()

