ЈА РАЗУБАВИЈА ВЛАДАТА – ЈА НАПРАВИЈА ТОПЛА И ПОЛНА СО НАДЕЖ!

Најмалите ја разубавија Владата! Премиерот Христијан Мицкоски вчера ги посети децата во Ѓорче Петров, Карпош, Центар и Кисела Вода, подарувајќи им новогодишни пакетчиња и радост. Детските насмевки се највредната награда, а нивната среќа го потсетува премиерот зошто вреди да се работи со одговорност, грижа и љубов за Македонија.

Во рамки на новогодишната посета, децата ја посетиле и Владата, која „денес е во поинакво руво“. Млади лица, големи соништа и неизмерна радост го исполнија просторот, симболизирајќи надеж и сигурност за иднината на земјата. „За децата денес, за иднината утре“, истакна Мицкоски, додавајќи дека детската насмевка е најголемата сила за сите кои работат за подобра Македонија.

Loading