КРИВИЧЕН СУД РЕАГИРА: Протестот не може да ја смени пресудата!

Основниот кривичен суд Скопје официјално се огласи по повод најавениот протест против пресудата за сообраќајна несреќа со смртни последици. Од Судот нагласуваат дека обвинетиот доброволно ја призна вината, а висината на казната е резултат на законски предвиден институт – признание на вина.

Судот појаснува дека јавниот притисок и протестите не можат да ја променат судската одлука, и ги потсетува граѓаните дека единствениот легален пат за преиспитување на пресудата е преку жалба до Апелација.

„Признанието на вина е правен институт кој влијае на текот на постапката и на одмерувањето на казната согласно Кривичниот законик“, појаснуваат од Кривичен. Судот истакнува дека постапката била транспарентна, а обвинетиот доброволно ја признал вината во присуство на својот адвокат.

Иако го признаваат правото на граѓаните да изразат револт, од Судот се категорични дека улицата не може да менува пресуди. „Изразувањето на незадоволство преку јавни собири е легитимно право, но било каков обид за притисок нема да влијае врз независното судско одлучување“, се додава во соопштението.

На крајот, од Судот се упатува апел до учесниците на протестот за мирно и достоинствено однесување, со цел почитување на судските институции.

Loading