ПРЕМИЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА БОЖИКНА ЛИТУРГИЈА ВО СОБОРНИОТ ХРАМ ВО СКОПЈЕ

Премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик, ќе присуствува на свечена божикна литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Како што информираат од владината прес-служба, по завршувањето на литургијата предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите, во која се очекува да упати божикна порака до граѓаните и верниците.

Присуството на премиерот на божикната богослужба претставува продолжување на традицијата на чествување на големите верски празници и упатување порака за заедништво, мир и солидарност.

Loading