Алатката е-сандаче веќе е функционална и овозможува државата директно електронски да комуницира со граѓаните. Три месеци пред истек на личната карта, корисниците добиваат автоматско известување со линк за закажување термин за обновување, информира министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Проектот е-киоск моментално функционира со еден апарат, а нови киосци се очекуваат во февруари на фреквентни локации, со 24/7 пристап до услуги. Апликацијата е-Услуги ќе биде достапна во февруари и ќе нуди електронска лична карта, возачка дозвола и повеќе дигитални услуги.
Проектот е-бебе е во тест-фаза, а од 1 март се очекува старт во најголемата гинеколошка клиника, со можност мајките да го добијат првиот извод за новороденчето уште додека се во болница.
![]()

