Од овој викенд, Македонија официјално влегува во нов ладен период, при што повторно се очекува значителен пад на температурите и појава на мразеви, особено во ноќните и утринските часови. Ладниот бран кој ќе продре од исток и североисток повремено ќе донесе слаби и локални врнежи, кои постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места и градовите.
Иако снегот ќе биде присутен, не се очекува формирање на значителна снежна покривка, бидејќи станува збор за локални и слаби снежни врнежи.

Она што особено го привлекува вниманието на метеоролозите е веројатноста од нова, многу посилна Сибирска експлозија која би можела да ја зафати Европа и Балкан по 20 јануари. Според моменталните метео модели, овој бран би бил значително поинтензивен од претходниот и би условил екстремно ладно време.
Температурите на многу места би останале длабоко под нулата дури и преку ден, додека во утринските и ноќните часови, во делови од Европа и Балканот, се можни минимални температури и под -25°C.
Во однос на снежните врнежи, ситуацијата засега останува неизвесна. Доколку се реализира овој екстремен Сибирски бран, не се очекуваат обилни снежни врнежи, бидејќи ваквите студени воздушни маси најчесто носат суво и екстремно ладно време.
⚠️ ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Бидејќи станува збор за подолгорочна метео анализа, можно е сценаријата да претрпат промени. Затоа, граѓаните се советуваат редовно да ги следат краткорочните метео анализи, кои имаат над 90% веројатност за остварување, со цел да се избегне забуна и погрешна интерпретација на временските услови.
![]()


