СДСМ ГО ДЕФОКУСИРА ЈАВНОТО ВНИМАНИЕ: НАПАДИ И СПИНОВИ НАМЕСТО ВАЖНИ ТЕМИ

Соопштението на СДСМ во кое преку фотографија се обидува да се наметне наводна поврзаност меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и лице кое СДСМ го квалификува како криминалец, претставува уште еден очаен обид за политичка манипулација и дефокус од сопствените неуспеси. Наместо факти, докази или институционални постапки, СДСМ повторно ѝ сервира на јавноста инсинуации, шпекулации и конструкции базирани исклучиво на една фотографија, што во ниту едно демократско и правно уредено општество не може да се смета за доказ за било каква криминална поврзаност.

Логиката што ја турка СДСМ е опасна и тенденциозна – според неа, секој политичар што се сликал со граѓанин на јавен настан автоматски станува дел од неговите постапки, бизниси или кривични дела. Со ваков пристап, политичката дебата се сведува на ниво на трач и пропаганда, а не на аргументи и одговорност. Ова не е борба против криминал, туку класичен политички спин насочен кон дискредитација на самите себе.

Особено лицемерно е што токму СДСМ зборува за корупција и криминал, имајќи го предвид сопственото владеење кое беше обележано со бројни афери, сомнителни тендери, злоупотреби на јавни средства и случаи што никогаш не добија јасна судска разрешница. Наместо да даде одговори за сопственото минато и за актуелните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, СДСМ избира да фрла обвинувања без докази, надевајќи се дека со тоа ќе го прикрие недостигот од резултати и визија.

Ваквите соопштенија не нудат ниту вистина, ниту решение, туку служат исклучиво за дефокус од економската реалност, растечките трошоци за живот и разочарувањето на граѓаните и важните теми за нив. Наместо политика базирана на факти и одговорност, СДСМ повторно се враќа на старата матрица на страв, поделби и медиумски конструкции, потценувајќи ја интелигенцијата на јавноста.

Loading