СЕ ПОДГОТВУВА ЛИ СЦЕНАРИО ШТО ЌЕ ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ?

Градоначалникот на Општина Чаир и еден од лидерите на владејачката коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, најави дека кон крајот на месец март можно е да дојде до реконструкција на Владата.

Во интервју за ТВ21, Меџити истакна дека актуелната политичка и владејачка динамика наметнува потреба од ваков чекор, при што претходно ќе се спроведе детална анализа на работата и резултатите на министрите кои доаѓаат од редовите на ВЛЕН.

Screenshot

„Динамиката бара да се направи реконструкција на Владата. За да се зборува за успехот и достигнувањата на министрите од редовите на ВЛЕН, потребна е подлабока анализа“, изјави Меџити.

Тој додаде дека прашањето за реконструкцијата ќе биде разгледано на седница на извршниот совет на ВЛЕН, каде најпрво ќе се направи отчет за сработеното, а потоа ќе се донесе конечна одлука за евентуални промени во владината структура.

Според Меџити, сите одлуки ќе се темелат врз оценка на перформансите на министрите и врз потребата од зголемување на ефикасноста и стабилноста на владеењето.

Loading