СДСМ: ОДГОВОРНОСТ ЗА “ТЕНДЕР КОАЛИЦИЈАТА ВМРО-ЗНАМ“

Нема вистинска борба против криминалот и корупцијата без одговорност на највисоките функционери во власта, порачуваат од СДСМ. Според партијата, во време кога во државниот буџет недостасуваат околу 2 милијарди евра, власта зад грбот на граѓаните спроведува системски грабеж преку криминални тендери.

Од СДСМ посочуваат конкретни примери:
– 161 тендер доделени на една иста фирма,
– 51 тендер за „омилена“ фирма на ВМРО-ДПМНЕ преку општините,
– 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени,
– 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ, преку Пошта.

„Милионски суми, огромен број тендери и секогаш исти омилени фирми. Украденото мора да се врати кај народот, а за тоа да се случи, мора да има одговорност за криминалните тендери“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека одговорноста треба да започне од, како што ја нарекуваат, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ“, нагласувајќи дека нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност на главниот – во самиот врв на власта.

„Наместо празни зборови за промоција, Христијан Мицкоски нека ги повика обвинителите и судиите кои ги поставува и нека почнат од 161 тендер, па од 51 тендер, па од тендерот во Пошта. Но таму не може – тие му се тендерските другари и шефот на кабинет, па незгодно, нели“, порачуваат од СДСМ.

Loading