🔴 СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА ДУМА за Македонски мозоци кои завршувале во САД

Македонски мозочни примероци биле испраќани во Соединетите Американски Држави и станале дел од меѓународен научен проект поврзан со Универзитетот „Колумбија“, открива поранешниот директор на Институтот за судска медицина во Скопје, Алексеј Дума.

Името на Македонија се појавува во документи објавени од американското Министерство за правда, поврзани со починатиот милијардер Џефри Епстин. Во нив се наведува дека земјата била дел од проект за создавање банка од човечки мозоци, наменета за истражување на самоубиства, шизофренија и други психијатриски нарушувања.

Според Дума, Македонија годишно испраќала од 10 до 15 мозочни примероци, земани по обдукции и транспортирани во САД под строги протоколи, со одобренија од етичките комисии и целосна документација.

„Сè се одвиваше легално, со дозволи од македонскиот и американскиот Етички комитет. Без дозвола, примерок не можеше да влезе во САД“, тврди Дума.

Но, токму тука следи највознемирувачкиот дел од неговата изјава.
Дума отворено признава дека НЕ СЕ СЕЌАВА дали во тој период била потребна согласност од семејствата на починатите лица, или било доволно само одобрение од етичките тела и формално писмо за информираност.

Ова признание отвора сериозни сомнежи и прашања:
дали семејствата биле информирани дека мозоците на нивните најблиски ќе бидат испраќани во странство, дали имале право да одбијат, и дали воопшто биле прашани.

Иако Дума инсистира дека немало никаков финансиски интерес и дека Македонија дала мал број примероци во однос на целата колекција од околу 1.000 мозоци од повеќе земји, фактот дека не постои јасен одговор околу согласноста на семејствата фрла сериозна сенка врз целиот процес.

Loading