ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ СИНОЌА? ПОЛИЦИЈАТА ГИ ПРЕЧЕШЛУВА ДВАТА ГРАДА

Полициска опсада е во тек на повеќе локации во Скопје и Струмица, во рамки на истрага поврзана со околу пет тони марихуана која завршила во Србија.

Од Министерство за внатрешни работи соопштуваат дека акцијата се спроведува во координација со ОЈО ГОКК, но засега не откриваат детали.

„МВР во координација со ОЈО ГОКК презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица во врска со опојна дрога. Повеќе детали ќе бидат соопштени по завршувањето на активностите“, информираат од МВР.

Во врска со случајот, денеска беше прашан и премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази резервираност и сомнеж дека марихуаната воопшто поминала низ  Македонија.

Очекувањата се официјалните институции да соопштат повеќе информации во текот на утрешниот ден, по завршување на полициските активности.

Loading