Рокас: Патот за Македонија е јасен – уставни измени и почеток на преговори со ЕУ
Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, во интервју за Канал 5 порача дека патот на државата кон членство во Европската Унија е јасно дефиниран и дека клучниот чекор се уставните измени и усвојувањето на преговарачката рамка.
Рокас нагласи дека веќе постои преговарачка рамка која е едногласно усвоена од сите земји-членки на ЕУ и дека, доколку Македонија ги исполни преземените обврски, Унијата е подготвена многу брзо да ги започне пристапните преговори.

„Ние сме подготвени за ова и не мислам дека треба да чекаме повеќе. Треба да го направиме овој клучен чекор за да продолжиме напред“, истакна Рокас.
Тој додаде дека Европската Унија е свесна за разочарувањата кај македонските граѓани поради долгогодишниот процес на интеграција, но потенцираше дека Брисел останува сигурен и посветен партнер на Македонија на патот кон полноправно членство.
![]()

