КОЈ СТОИ ЗАД „ЗЕЛЕНАТА ИМПЕРИЈА“? Тајната структура што падна преку ноќ

Најголемата заплена на марихуана во историјата на Македонија е извршена во голема полициска акција што се случила вчера, а била спроведена на повеќе локации во Скопје и во струмичкиот регион.

Според неофицијални информации, запленети се околу 27 тони марихуана, што ја прави оваа акција без преседан во досегашната борба против организираниот криминал во земјава.

Првичните сознанија укажуваат дека околу 10 тони марихуана биле складирани во кругот на фирма во Скопје, додека истовремено се вршеле претреси и заплени на дополнителни количини дрога на повеќе локации во струмичкиот регион.

Акцијата ја спровело Министерството за внатрешни работи, по насоки на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а станува збор за повеќемесечна истрага насочена кон разбивање на организирана криминална мрежа поврзана со нелегално производство и трговија со марихуана.

Се очекува надлежните институции во текот на деновите што следуваат да излезат со официјални информации за приведените лица, потеклото на дрогата и нејзината крајна дестинација.

Loading