ДЕТСКАТА ЛИТЕРАТУРА како ФРОНТ на ВРЕДНОСНИ КОНФЛИКТИ

Во последниве години, културниот и образовниот простор сè поизразено станува поле на идеолошки интервенции, при што содржини наменети за деца и млади се користат како медиум за пренесување на вредносни и идентитетски концепти кои излегуваат надвор од традиционалните педагошки рамки. Овој тренд отвора сериозни прашања за границите на образовната одговорност, легитимноста на одредени наративи во детската литература и улогата на институциите во нивната промоција.

Текстот што следи претставува експлицитна критика на ваквите појави, посочувајќи на перцепирана трансформација на детската литература од воспитно-образовен ресурс во средство за идеолошко влијание. Во него се артикулира став дека под превезот на современа книжевност се воведуваат теми и концепти кои, според авторот, не кореспондираат со развојните потреби на детската публика, туку рефлектираат пошироки општествени и политички агенди.

Дополнително, текстот ја проблематизира улогата на јавните личности и политичките актери во легитимирањето на ваквите содржини, што го продлабочува впечатокот за институционална поддршка на одреден вредносен дискурс. На тој начин, дебатата се префрла од рамките на литературата кон пошироки прашања за културната политика, општествената одговорност и правото на родителите да учествуваат во дефинирањето на вредносниот хоризонт во кој растат нивните деца.

Во таков контекст, текстот не е само поединечен став, туку симптом на подлабока општествена поделба, каде прашањата за идентитет, воспитување и културни вредности стануваат централни точки на јавна конфронтација.

Коалиција за заштита на децата

ПОД ПРЕВЕЗ НА „ДЕТСКА ЛИТЕРАТУРА“ СЕ ПЛАСИРА ЛГБТИ+ РОДОВА ИДЕОЛОГИЈА ПРЕД ДЕЦА, А ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГОРДАНА СИЉАНОВСКА- ДАВКОВА ВДАХНОВЕНА И ИНСПИРИРАНА РАКОПЛЕСКА И ОДОБРУВА

Деновиве во македонската јавност се промовира книгата „Тринаесеттиот“ од авторот Лидија Димковска, претставена како литература за деца и млади. Сепак, содржината на ова дело отвора теми за родов идентитет, трансродовост (дека момчињата можат да бидат девојчиња, а девојчињата- момчиња, или нешто друго) и истополови ЛГБТИ+ партнерски врски- теми кои се пласираат пред малолетна публика.
На презентациите на книгата пред деца се објаснува ликот Мај, за кој се вели дека отсекогаш сакал да биде девојче, сакал да носи фустани и на крај станува женско. Таквото претставување на приказната не е невина книжевна интерпретација, туку директно пренесување на родова идеологија пред детска публика.
Во рецензијата објавена на порталот „Приказни“ се наведува дека во книгата се појавуваат трансродови роднини и истополови партнерски врски, што дополнително покажува дека станува збор за дело во кое се обработуваат ЛГБТ теми. (1)
Истовремено, во продажба, книгата се промовира како „современа бајка за деца и млади“, но јасно е дека не е наменета за најмладата публика. Под маската на книжевност за деца, пред детските умови се пласираат идеи за родов идентитет и трансродовост, што претставува директна индоктринација на деца.
За време на промоцијата на книгата во Европска куќа (се разбира, под знамето на ЕУ) поддршка даде и познатата Весна Петрушевска Бејби со нејзината актерска школа за млади, а присутна беше и Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Македонија, која за време на предизборната кампања во 2024 г. беше истренирана од нејзините предлагачи да не спомнува ЛГБТИ+ и род, но овојпат не можеше да се воздржи и изјави дека промоцијата на оваа ЛГБТИ+ книга е „инспиративна и вдахновна”. (2)
Пред децата не смее да се пласираат вакви измислени концепти, со кои се разградува природната слика за семејството и се наметнуваат антинаучни идеологии што немаат место во детската литература, но гледаме дека тоа отворено го прават политичари кои го добиле гласот на народот преку лажни и манипулативни кампањи, како и јавни фаци кои ги гледаме на малите екрани. Она што ние може да го преземеме како совесни граѓани, е никогаш повеќе да не даваме гласови за ликови како Сиљановска-Давкова, и веднаш да ги исклучуваме телевизорите кога на екранот ќе се појави Петрушевска- Бејби.
‼️ Книгите за деца треба да придонесуваат за нивниот здрав развој, за градење на вредности, знаење и морал, а не да се користат како средство за ширење на родови и ЛГБТИ+ идеологии.
‼️Детството мора да остане простор за здрав развој, вистински вредности и безгрижно растење, а не поле за идеолошки експерименти.
‼️Ги повикуваме родителите внимателно да следат какви содржини им се претставуваат на нивните деца и активно да го штитат нивниот развој од вакви идеолошки влијанија.
‼️Заштитата на детските умови е одговорност на секој родител и на целото општество.
🌐

Loading