КОСТАДИНОВ : „КАДРОВСКИОТ РУЛЕТ“ ЈА ТРЕСЕ СДСМ – НА ПАРТИЈАТА И ТРЕБА ИТНА КОНСОЛИДАЦИЈА!

Оставката на Рубин Земон од функцијата член на Извршниот одбор на СДСМ предизвика нови реакции во политичката јавност, особено по критиките што во изминатиот период беа упатени кон неговите јавни настапи и активности.

На случувањата реагираше и поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој преку објава на социјалните мрежи порача дека ваквите ситуации се резултат на, како што вели, „кадровски рулет“ во партијата.

Според Костадинов, СДСМ мора сериозно да се посвети на внатрешна стабилизација и јасна организациска стратегија, наместо на импровизирани решенија и краткорочни политички комбинации, особено во пресрет на локалните избори.

Тој посочи дека актуелните случувања го потсетуваат на политичките состојби во Струмица во претходни изборни циклуси, оценувајќи дека ваквите потези можат дополнително да влијаат врз довербата кај членството и гласачите.

Костадинов нагласи и дека неговата реакција не е насочена лично кон Земон, кого го нарече свој пријател, туку кон начинот на кој се носат одредени кадровски и политички одлуки во рамки на партијата.

„Проблемот не е во поединецот, туку во принципите и стратегијата“, порача Костадинов во својата објава.

Loading