По најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека очекува Регулаторната комисија да реагира со нови цени, денеска стигна и официјалната одлука – горивата поевтинуваат.
Најголемо намалување има кај дизелот, чија цена се намалува за 7 денари по литар. Со новата корекција, Еуродизелот ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар.
Намалување има и кај бензините. Еуросупер БС-95 поевтинува за 3,5 денари и новата цена ќе изнесува 84 денари за литар. Еуросупер БС-98 ќе биде поевтин за 4 денари, со што неговата цена ќе изнесува 86 денари за литар.

За 7 денари се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, кое според новата одлука ќе чини 79,5 денари за литар.
Новите цени доаѓаат по викенд-изјавата на премиерот, кој јавно побара од Регулаторната комисија да ја разгледа состојбата и да реагира во насока на намалување на цените на горивата.
Со оваа одлука, граѓаните и транспортерите добиваат значително олеснување, особено кај дизелот, кој има најголемо учество во транспортните и производствените трошоци.
![]()

