CKAНДAЛ: Што им правеле на дeцaтa

Демократијата во Канада на стаклени нозе. Откриен е голем скандал, кој се заканува да го наруши комплет имиџот на Канада во светот. Станува збор за страшен скандал за организирано убиство на деца од страна на државата.

Насилства во Канада откако беа откриени стотици необележани гробови на местата на некогашни училишта во Канада. Овие училишта финансирани од владата биле водени од верски групи во 19. и 20. век и имале за цел да ја асимилираат домородната младина. Домородните групи повикаа да се спроведе национална потрага по нови гробови.

Прво во мај беа откриени останките на 215 деца на местото на училиште што работело од 1890 до 1978 година, а минатата недела беше објавено дека се пронајдени уште 751 необележан гроб во поранешно училиште во Саскачеван.

Меѓу 1863 и 1998 година, повеќе од 150.000 домородни деца биле земени од нивните семејства и сместувани во вакви училишта низ Канада. Комисија основана во 2008 година утврдила дека голем број од овие деца никогаш не се вратиле во своите заедници.

За скандалот да биде поголем, тие „исчезнувања“ на дева се случиле и во време кога со канада управувал таткото на актуелниот премиер Џастин Тудо.

Локалните домородни жители на оваа трагедија одговорија со палење на католички цркви. Сите цркви се запалени во индијански резервати во западна Канада. Пожарите во Британска Колумбија почнале со еден час растојание, двете згради се целосно уништени и полицијата ги третира овие случаи како сомнителни.

Во понеделникот беа запалени првите две католички цркви во оваа канадска провинција, кога во земјата се одбележуваше Националниот ден на домородните народи.

„Истрагата за сите овие пожари е во тек и засега нема уапсени, ниту покренати обвиненија“, изјави наредникот на Канадската кралска полиција, Џејсон Бејда.