Бугарија или Македонија ќе ја земат Железната Црква

Читаност: 1489
Време:3 Минути, 17 Секунди

Православната црква „Свети Стефан“ во Цариград позната како Железна црква, била изградена во 1893-1896год со парите на Македонци од Егејска Македонија од Загоричани, Екшисулијци, Врбенци, Костурчани, Преспанци, Охриѓани, Велешани, Воденци итн.

Исто така, малкумина знаат дека во дворот на црквата се погребани многумина познати историски ликови, меѓу кои и Партеније Зографски кој бил првиот македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни работници од 19 век во Македонија и прв македонски митрополит. Нашето слепило, нашето омаловажување посебно на нашето градителско наследство и нашата негрижа кон нашите дејци, остава простор некој друг да ја препишува историјата и таа да ја презентира како своја.

Црквата „Свети Стефан”е изградена во 1896 година, по добивањето на султанскиот ферман во 1890 година, на местото на поранешната мала Дрвена црква. Архитектот, ерменецот Хофсет Азнавур, предложил црквата целосно да се изгради од железни елементи, заради лошиот терен кој не бил безбеден за изградба со класичен материјал. А и поради заштита од патријаршијата и турците радикали кои ги палеле црквите на Македонците и ја имале запалено предходно неколку пати.

Интересно е што македонските инвеститори од 19 век веднаш биле подготвени да инвестираат во промена на најнови светски технологии на тоа време, како што се префабрикувани лиени железни делови! Проектот за црквата „Св. Стефан“ бил готов 1893, а потоа на тендерот за реализација работата ја добива австриската фирма “Вагнер”. Тоа е истата фирма која ги има реализирано градежните проекти: покривот на дворот на Британскиот музеј во Лондон и куполата над берлинскиот Рајхстаг. Железните елементи за црквата биле пренесени со бродови од Виена по Дунав и Црно Море за Цариград, а склопувањето траело три години.
Архитектонскиот стил на црквата е барокна и е слична на некои реализации на Андреа Дамјанов. Денес само неколку цркви во Австралија и таа во Цариград го чуваат споменот на црковното градителство во лиено железо во светот! Самата црква е посветена на кнезот Стефан Богориди, а неговите мошти се наоѓаат во олтарот, иако тој бил висок и влијателен офицер на отоманската империја. Богориди е роден 1775 г. во Котон, денешна Бугарија, а умира 1859 г. во Цариград. Го поддржувал Горги Раковски, пријател и соработник на Константин Миладинов, и организатор на тајното македонско друштво во Атина. Во дворот на црквата се погребани многу познати личности како црковните дејци: Илирион Макариополски, Авксентиј Велешки, Паисиј Пловдивски, како и Партенија Зоографски, кој е првиот македонски архимандрит произведен од страна на цариградскиот патријарх, за потоа да биде поставен за епископ на Полјанската епархија.
Прво околу што се заложил новиот владика било воведување на црковнословенскиот јазик во богослужбата во црквите на македонските верници, со што го намалил влијанието на грчката црква. Тој е автор на многу дела со кои се создадени темелите на граматиката на македонскиот јазик. Партенија Зографски ги систематизира разликите помеѓу бугарскиот и македонскиот јазик на научна основа.
Иако црквата „Св.Стефан“ е изградена од македонскиот верски и градежен занес, иако во нејзиниот двор е погребан првиот македонски владика, сепак како да е изоставена од македонската културна оставнина. Добро е барем што вредностите кои ги остави македонскиот занес се со такво ниво што светското културно наследство не може, а да не се погрижи за нив.
Денес и последните 100 години за црквата се грижи македонската колонија во Цариград ( Истанбул ) и е под јурисдикција на Бугарската православна црква.
Се правеле напори за префрлање на Црквата под МПЦ но Бугарското влијание и непризнаената наша црква МПЦ не вродиле со сериозни настапи.
Воедно на емисија на Бугарската телевизија во 2008та на прашање кон мештаните што ја чуваат црквата, „А каква народност сте вие Българи ли сте“?, младите одговараат дека се Македонци. Од времето кога Македонија е под Османлиска власт дојдени во Истанбул.
Но Црквата беше реставрирана од страна на владата на Бојко Борисов, во согласност со Ердоган. Таа за нив е катедрална Црква на Бугарската Егзархија и не признаваат никаков удел на Македонците во нејзината изградба.
Во последните преговори помеѓу двете држави, на кого ќе припадне ова историско и културно наследство? На Македонија или на Бугарија?
Social profiles