ВАЖНО: Садизмот на СДСМ

Читаност: 614
Време:2 Минути, 13 Секунди

Се сеќавате ли на оние „жената, децата во ендек…“, „се нервирам, едно убиство да не можеш да прикриеш“…? Од бомбите што ги емитуваше во јавност Зоран Заев? Проектот „Вистината за Македонија“?

Сигурно се сеќавате. Нема како да се заборави. Тоа сеуште оддекнува во увото на секој нормален човек. Но дали е тоа минато? Што открива една друга димензија на хибридниот режим и лично садистичко поведение на Заев и Шеќеринска? Мислевме дека времето на такви садисти (Протугер, Јанкуловска, Божиновски…) е минато. Но не е!

Се погласни се информациите од граѓаните дека се жртви на истиот тој прогон како за времето на режимот на Груевски. Со тоа што сега воспоставен е хибриден режим на Заев, потврден во меѓународните извештаи.

Правото на слободно политичко убедување и дејствување е една од клучните вредности на демократскиот дел од светот. Таа вредност се обидуваме да ја воспоставиме и во Македонија, со поддршка на внатрешни и надворешни фактори. Но очигледно не поминува. Заев и Шеќеринска решиле да бидат Груевски и Јанкуловска.

Ситуацијата со одмаздите и уцените врз граѓаните со различно политичко убедување во земјата е хаотична. Пристигнуваат стотици реакции од сите страни. Не можеш во администарација, во болница, во суд, ако не си член на СДСМ. Највеќе загрижуваат садистичките пориви на двоецот Заев – Шеќеринска. Информациите говорат дека тие злоставуваат и лични судбини и здравствена состојба на граѓаните, со цел да бидат малтретирани и уценувани од нивниот хибриден режим!

Tие притисоци и закани ги трпат стотици граѓани, кои се принудуваат да учествуваат во наместени и противзаконски постапки, спротивно на нивната волја и убедување. Се злоупотребуваат сите можности на власта, вклучително и полициски служби.

Дали премирот Заев ја користи АНБ, а заменичката Шеќеринска ја користи Службата за воена безбедност, во лични и партиски пресметки? Дали преку државните тајни служби се врши политички реваншизам и одмазди кон граѓаните? Која е тука разликата помеѓу нив и одесувањето на Сашо Мијалков?

Злоупотребата на државните тајни служби во приватни или партиски цели, мислевме дека е одлика на еден друг режим и време, против кој се боревме и мислевме дека е минато. За жал, тоа е продолжено поведение и на сегашниот хибриден режим кој управува со државата.

Меѓународниот фактор информира дека има сознанија за злоупотреба и повторно нелегално прислушување на граѓаните. Дали е тоа факт или само сомнеж кај странците, особено кај воените аташиња во земјава? Дали НАТО канцеларијата во Македонија веќе врши истрага за такви појави?

Дали поради лични хирови на неколку функционери на СДСМ, кои не поднесуваат различни политички, јавно искажани ставови и убедувања не очекува нова афета „прислушување“ во земјава? Дел од дипломатите коментираат дека Заев за жал не покажува капацитет да ја согледа димензијата и пораката која со таквото однесување ја испраќаат кон граѓаните.

Social profiles