Арсовска без кадри: Се уште нема назначено нови директори во Ј.П низ Скопје

Читаност: 0
Време:33 Секунди

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска уште нема прифатено ниту една оставка на директорите од ВМРО-ДПМНЕ, кои уште пред две недели ги доставија до Градот.

Откако Арсовска го разреши директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински и почнаа караниците со ВМРО-ДПМНЕ која ја поддржа на изборите и со лидерот Христијан Мицкоски, директорите еден по еден си поднесуваа оставка.

Најпрво оставки поднесоа директорите на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски и на депонијата „Дрисла“ Јане Мицевски. Потоа оставките поради немање комуникација и соработка со Арсовска поднесоа и директор на ЈП „Улици и патишта“ Борис Настов, на „Лајка“ Воислав Димитровски и на ЈП „Паркови Зеленило“ Ангеле Сотировски.

 

 

 

Menu
Social profiles