Мухамед Зеќири сведошеше против Рашковски на суд

Поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири, сведочеше Драги Рашковски во случајот каде е обвинет за незаконска набавка на софтвер.

На прашање на обвинителката Ивана Трајчева, Зеќири рече дека не бил запознаен со софтверот за определување на просечна брзина и одредување на казни.

-Тоа не го прави Владата – рече тој на прашањето на Трајчева дали генералниот секретар може да изрекува казни и определува просечна брзина.

Тој додаде дека кога се набавува софтвер за друга институција тогаш треба тоа да биде побарано, па потоа да се донесе одлука на Влада и да се направи примопредавање.

 

Во однос на прашањето за металните кабини набавени од Рашковски, Зеќири рече дека за тоа разбрал кога добил барање од обвинителството.